Која е Сторми Даниелс? Поранешната порноѕвезда може да го смести Трамп во затвор

Фото: Wikimedia Commons

Нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд, но таа го преферира името по кое стана позната во индустријата за филмови за возрасни. Родена во Батон Руж, Луизијана, а растела со мајка си, откако нејзините родители се развеле.

Поранешната порноѕвезда Сторми Даниелс би можела поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го смести во затвор. Трамп е обвинет дека ѝ платил на Даниелс за да молчи за нивните средби за време на претседателската кампања во 2016 година.

Сторми Даниелс/ Фото EPA-EFE/PETER FOLEY

Даниелс вели дека имала сексуална врска со поранешниот претседател и дека добила 130.000 долари пред претседателските избори во 2016 година во замена да не зборува за нејзината средба со Трамп. Експретседателот негира дека тоа се случило. Тој уште во 2018 година им кажа на новинарите дека не знаел ништо за исплатата на Даниелс, но таа истата година детално опиша сè во нејзината книга.

Адвокатот на Трамп, наводно, прво ја поткупил Сторми Даниелс со свои пари, кои Трамп подоцна му ги вратил. Се шпекулираше дека парите што ги дал Трамп се од претседателската кампања, но тој тоа го негираше.

Фото: Wikimedia Commons

Која е Сторми Даниелс?

Во целиот процес Трамп е, секако, во фокусот, но што е со жената која го донесе на чекор до затвор? Даниелс е родена во Луизијана во 1979 година како Стефани Клифорд, а како дете била многу сиромашна и сексуално злоставувана.

Како дете била запоставена, а имала девет години кога била сексуално злоставувана од постар маж, напишала во мемоарите објавени во 2018. И покрај се, била добар ученик и ги обожавала коњите. За да заработи за живот, таа прво се свртела кон стриптизот, а потоа и кон порно-индустријата.

Фото: Wikimedia Commons

Како малолетна, отишла на другата страна на САД, во Калифорнија, за да се испроба во забавната индустрија, а таму го создала уметничкото име Сторми Даниелс. Даниелс потоа работела како егзотична танчарка, порно-актерка, а потоа и како режисерка, сценаристка и продуцентка на порно-филмови, а освоила и неколку награди.

Сторми го запознала Трамп во 2006 година во текот на турнир во голф што се одржувал на езерото Тахо, Невада. Таа рекла дека телохранителот на Трамп ја однел во неговата соба, каде што требало да вечера со него, но на крајот имале секс.

Даниелс рекла дека Трамп ѝ ветил дека ќе учествува во неговото телевизиско шоу „The Apprentice“ и затоа таа решила да спие со него. Секако, на крајот таа сепак, не учествувала во неговата емисија.

Сторми, интересно, се обидела да раскаже сè уште во 2011 година, кога за 15.000 долари ја понудила приказната на „Си-би-ес“, но наводно сè пропаднало бидејќи адвокатот на Трамп се заканил дека ќе ја тужи медиумската компанија доколку приказната биде објавена.

Порно ѕвездата Сторми Даниелс ќе соработува со обвинителите во истрагата против Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот