Трамп се бранеше во Конгресот: Јас воопшто не сум расист

Фото: Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп, беше жестоко нападнат од четири конгресменки за расизам.

Станува збор за негови објави на Твитер во кои тој ги напаѓа овие четири членови на Конгресот.

– Тие пораки не беа расистички. Јас воопшто не сум расист, во мене не постои ниту трошка расизам – изјави Трамп повикувајќи ги републиканците да не паднат во замката на демократските противници.

Трамп вчера жестоко вербално нападна четири конгресменки, обвинувајќи ги дека ги сакаат непријателите на Америка и им порача да ги напуштат САД ако не се среќни таму.

– Оваа група од четири лица постојано се жали – изјави Трамп во Белата куќа, алудирајќи на Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Рашида Тлаиб од Мичиген и Ajaна Пресли од Масачусетс.

– Овие луѓе ја мразат нашата земја, шират жестока омраза. Ако не сте среќни тука, можете да си одите- додаде Трамп.

Тој рече дека тие конгресменки може да се вратат од каде што дошле, со што предизвика критики кај демократите кои овие изјави ги оценија како расистички и ксенофобични.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот