Трамп потврди дека осомничениот за убиството на интелектуалецот Чарли Кирк е во притвор
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека осомничениот е приведен во врска со убиството на неговиот соработник, интелектуалецот Чарли Кирк.
Препорачано
„Мислам дека, со висок степен на сигурност, го имаме во притвор“, рече Трамп за време на гостувањето на Фокс њуз.
Трамп рече дека некој „многу близок до него го предал“ и дека повеќе детали ќе бидат објавени во текот на денот, според Си-Ен-Ен.
Изјавата на Трамп доаѓа по дводневната потрага по осомничениот, во која властите во среда, 10 септември, испрашаа и ослободија две лица во врска со убиството на Чарли Кирк.
Потоа потрагата продолжи, а Федералното истражно биро на САД (ФБИ) објави слики од лице за кое се верува дека е поврзано со убиството на Кирк.
Се верува дека стрелецот пукал еднаш од блискиот покрив во „целен напад“ врз Кирк, според Одделот за јавна безбедност на Јута, кој истражува заедно со ФБИ.
Чарли Кирк беше убиен на 10 септември за време на јавна дебата наречена „Докажи ми дека грешам“ на Универзитетот во Јута Вали.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди знамињата низ целата земја да бидат спуштени на половина копје во негова чест.
Трамп: Радикалните левичарски лудаци едноставно мора да ги претепаме


