Трамп: Планирам да назначам Комитет за мир во Газа на почетокот на следната година
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека планира да назначи светски лидери во Комитетот за мир во Газа на почетокот на следната година.
Препорачано
Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека разни лидери сакаат да бидат во комитетот, објави Ројтерс.
„Тоа ќе биде еден од најлегендарните комитети досега. Сите сакаат да бидат во него“, рече Трамп.
Мировниот комитет се формира во согласност со планот за Газа со кој се воспостави прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Прекинот во Газа стапи на сила на 10 октомври, а беше посредуван од САД.
Врз основа на американскиот план од 20 точки за прекин на огнот во Газа, се очекува Мировниот комитет да управува со Газа во период од две години, со поддршка на меѓународните сили и палестинската полиција, објави Танјуг.
Комитетот треба да го надгледува разоружувањето на Хамас и реконструкцијата на Појасот Газа, според нацрт-документот што го видоа американските медиуми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


