Оружје за Украина/ Фото: EPA/IVAN BOBERSKYY

Трамп не ја отфрли можноста за целосно прекинување на испораката на американско оружје за Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп не ја отфрли можноста за целосно запирање на испораката на американско оружје за Украина и изрази надеж дека „многу брзо“ ќе стапи во контакт со рускиот лидер Владимир Путин.

„Ќе го разгледаме тоа прашање. Во контакт сме со Зеленски. Наскоро ќе разговараме со претседателот Путин. Ќе видиме што ќе се случи“, рече американскиот лидер, на прашањето дали новата американска администрација ќе продолжи со испораката на оружје за Киев или ќе размисли за целосно прекинување.

Трамп додаде дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со Володимир Зеленски, кога тие сакаат.

Американскиот лидер исто така додаде дека е можно САД да воведат нови санкции против Русија доколку Москва не се согласи на преговори за решавање на украинската криза.

Трамп повтори дека конфликтот во Украина немаше да започне ако останеше на власт по изборите во 2020 година.

Тој исто така сугерираше дека Путин не го почитува поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Тој не го почитуваше Бајден. Тој е паметен, разбира, но не го почитуваше Бајден“, рече Трамп.

Трамп повтори дека европските земји треба значително да ги зголемат трошоците за поддршка на Киев.

„Тоа повеќе ги засега нив отколку нас. Помеѓу нас има океан, рече Трамп, потсетувајќи дека за време на неговиот претходник Џозеф Бајден, САД потрошиле 200 милијарди долари повеќе за Украина отколку ЕУ. Тој исто така додаде дека земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП.

Во меѓуверме рускиот претседател Путин постојано нагласуваше дека испораката на оружје за Украина нема да ја промени ситуацијата на фронтот, јавуваат агенциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот