Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Трамп: Ќе зборувам со Путин, ама за танго се потребни двајца

Американскиот претседател Доналд Трамп се појави пред новинарите во Белата куќа, коментирајќи го украинското прифаќање на американскиот предлог за прекин на огнот, јавува „Скај њуз“.

Трамп изјави дека „мисли оти ќе разговара со Владимир Путин оваа недела“, но додаде и дека „за танго се потребни двајца“.

Во заедничка изјава објавена по разговорите во Саудиска Арабија, американските и украинските претставници објавија дека официјален Киев начелно се согласил со предлогот на Вашингтон за 30-дневен прекин на непријателствата, кој сега треба да ѝ биде претставен на Русија.

Трамп, исто така, рече дека се надева дека ќе има целосен прекин на огнот во наредните денови.

Американскиот претседател претходно најави дека како дел од договорот со Украина, САД ќе ја одмрзне воената и разузнавачката помош за земјата, која беше запрена минатата недела.

Украина прифати прекин на огнот, Америка сега треба да го убеди Путин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот