Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / Википедија

Трамп ќе го номинира Каш Пател за шеф на ФБИ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го номинира поранешниот функционер на Службата за национална безбедност Каш Пател за шеф на Федералното истражно биро (ФБИ).

За да може Пател да биде избран на функцијата, потребно е одобрение од Сенатот, наведува Ројтерс.

Со номинирањето на Пател, Трамп сигнализира дека се подготвува да го замени Кристофер Вреј, кој го назначи за директор на ФБИ во 2017 година, давајќи му 10-годишен мандат.

Пател, кој го советуваше директорот за национално разузнавање и секретар за одбрана за време на првиот мандат на Трамп во Белата куќа, рече дека ФБИ треба да престане да собира разузнавачки информации и дека не треба да има вработени во агенцијата кои не го поддржуваат Трамп.

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот