Трамп Јуниор со воодушевување го рекламира својот татко како махер за мировни договори

Втори на списокот се земји од нашето соседство

По потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и двете арапски монархии Обединетите Арапски Емирати и Бахреин во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот најстар син го сподели своето воодушевување со јавноста.

Доналд Трамп Јуниор на Фејсбук објави спектакуларна реклама за својот татко со слоган „Три историски мировни договори за само еден месец “. Поранешната реалити ѕвезда и бизнисмен ги сподели и своите чувства во коментар. Под дизајнот на кој претседателот на Америка гордо со стисната тупаница стои покрај списокот со потпишаните договори меѓу кои е и тој со Србија и Косово, напиша: „Леле. Само леле. Татко ми започнува ера на МИР.

Wow. Just wow. My Father is ushering in an era of PEACE.

Publiée par Donald Trump Jr. sur Mardi 15 septembre 2020

Со оглед на светската репутација Трамп и ако земеме предвид дека рокот за доделување на наградите оваа година помина останува да почекаме до следната есен. Дури тогаш ќе дознаеме дали петочлениот одбор назначен од страна на Норвешкиот парламент ќе му даде признание и на Доналд Трамп со што неговото име ќе се најде меѓу лауреатите Мајка Тереза, Нелсон Мандела, но и Марти Ахтисари.

Ахтисари кој беше специјален пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово и Метохија доби Нобелова награда за мир во 2008 за повеќедецениско ангажирање и посредување во воспоставувањето на мирот и решавањето на конфликтите на повеќе континенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот