Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс зборува на Минхенската безбедносна конференција / 14 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Трамп и понатаму сака дипломатско решение со Иран, вели Венс

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште претпочита дипломатско решение со Иран и дека се надева оти Иранците тоа ќе го сфатат сериозно во утрешните преговор, пренесува агенцијата Ројтерс.

Венс во емисијата во емисија на Фокс Њуз изјавил како Трамп бил јасен дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје.

„Трамп сака таа цел да ја постигне по дипломатски пат, но располага и со други средства“, посочил Венс.

Американската и иранската делегација ќе одржат трета рунда разговори за нуклеарната програма на Техеран утре во Женева.

Венс изјави дека се надева оти Иранците сериозно ќе ја сфатат желбата на Трамп за дипломатско решение, а, истовремено, одбил да каже дали САД би сакале иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи –  да се повлече од функцијата.

„Седнуваме на уште една рунда дипломатски разговори со Иранците во обид да постигнеме разумен договор“, изјави Венс.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се заканува дека ќе го нападне Иран доколку не се постигне договор и нареди зголемување на воените сили на Блискиот Исток како подготовка за евентуален повеќедневен воздушен напад доколку преговорите не успеат.  Според медиумските извештаи од деновиве, на Трамп му биле претставени воени опции за таков напад, вклучително и една што би вклучувала директно таргетирање на Хамнеи.

Нема да попуштиме под притисокот на светските сили, порача иранскиот претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот