ЕУ - САД

Трамп и Фон дер Лајен постигнаа договор: За увозот од ЕУ ќе има царини од 15 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат „многу силен“ трговски договор со Европската Унија, кој ќе ги намали бариерите за американскиот извоз и ќе обезбеди нови европски инвестиции во САД.

Ова е огромен договор. Луѓето не разбираат – тој е поголем од сите други. И тоа ќе се случи – треба да се случи – рече Трамп, зборувајќи од своето голф игралиште „Тарнбери“ во Шкотска по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Трамп разговораше со фон дер Лајен денеска пред крајниот рок во петок до кога требаше да се постигне трговски договор за да се избегнат царини од 30% за европскиот увоз.

Европската Унија ќе се согласи да купи енергија од САД во вредност од 750 милијарди долари. Тие ќе се согласат да инвестираат во САД 600 милијарди долари повеќе отколку што веќе инвестираат, рече Трамп, како што пренесува „Си-Ен-Ен“.

Трамп нагласи дека увозот од ЕУ ќе се царини со 15%, откако претходно се закануваше со двојно поголеми давачки.

Договорот го потврди и претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен.

Сакавме да ги балансираме трговските односи – рече Фон дер Лајен, потврдувајќи го постигнатиот напредок.

Договорот беше постигнат кратко откако Трамп ги критикуваше претходните трговски договори, нарекувајќи ги „еднострани и нефер“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот