Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

Трамп добил покана за посета на Москва уште на Алјаска, посетата досега не е реализирана

Американскиот претседател Доналд Трамп доби покана да ја посети Русија уште во Енкориџ, изјави денес за агенцијата ТАСС заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Секако, до претседателот Трамп е упатена покана да ја посети Руската Федерација во Енкориџ, рече дипломатот, коментирајќи го предлогот на рускиот претседател Владимир Путин по средбата на Алјаск,а следната средба да се одржи во Москва.

Рјабков додаде дека оваа идеја оттогаш нема никаков развој.

Како и со другите места на контакт меѓу претседателите на Русија и САД, нашиот став е цврст: прво содржината, а потоа договорот за местото на одржување средба, рече заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот