Трајковски: Леб има и се продава по 33 денари, ќе замрзнуваат цените и на други производи

Фото Архива

Директорот на пазарниот инспекторат, Горан Трајковски, на својот Фејсбук профил напиша дека леб има и се продава по 33 денари. Тој нагласи дека инспекторите се на терен и додаде дека дополнително ќе се замрзнуваат цени и на други производи.

Вчера тој исто така објави дека ако се утврди прекршување на одлуките ќе следат казни во согласност со Законот за трговија.

Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, затоа апелирам да се почитуваат Одлуките, а ние како институција и понатаму сме на терен да ја следиме состојбата и да постапиме при евентуални прекршувања на законските одредби! Граѓаните не смеат да трпат заради туѓи лични интереси! Мерките се насочени кон тоа да им се олесни состојбата на граѓаните во ваков кризен период и нивната злоупотреба е апсолутно недозволива. Кризата не е време за мислење само на себе и на профит, туку потребно е да имаме разбирање едни кон други, да помагаме и да бидеме солидарни, соопшти Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот