Трајановски се правда за паднатиот ѕид во Пинтија: Не е проектиран да биде брана

Фото: Фејсбук

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, во чие време е изграден потпорниот ѕид во населбата Пинтија, кој вчера се урна по невремето во Скопје, преку Фејсбук се огласи со оправдување за случајот.

„Во саботата по големото невреме и обилни дождови во Скопје падна потпорниот ѕид во Пинтија. Населба Пинтија е на стрмен терен наклонет према бул Борис Трајковски. За рушењето на дел од потпорниот ѕид на бул. Б.Трајковски, кај населбата Пинтија, сметам дека причината е немањето на целосна и соодветна атмосферска канализација и попречни решетки кои ќе ја прифатат атмосферската вода од улиците. Поради тоа целата количина на вода од огромните обилни дождови преку трите улични краци и преку дворовите удира директно на потпорниот ѕид“, вели Трајановски.

„Тој не е проектиран да биде брана за надојдените води. Од сликата може да видите дека на улицата која е во правец на бул Б. Трајковски има река од вода и како последица на тоа срушен е зидот точно кај што трите краци од улицата водат према булеварот“, додава поранешниот градоначалник во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот