Трагичната судбина на Катерина Крстева: Синот го роди на 49 години, тој почина четири месеци пред неа
На 85-годишна возраст почина македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Катерина Крстева, која меѓу народот беше позната како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Веста за смртта на дамата на македонското актерство сподели Македонскиот народен театар.
Препорачано
Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.

Нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус“ откри детали од нејзиниот приватен живот
Тој раскажа дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

За син и Александар раскажа дека го поминал детството со неа, во театарот, бидејќи татко му починал додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала. Изјави дека се слушале телефонски со Катерина, со која имаа многу заеднички проекти, и кажа дека е загрижен за Александар, кој немал семејство и живеел заедно со мајка му, од нејзината скромна пензија.

Но, блиски пријатели на Александар за „Фокус“ изјавиле дека приказната е многу потрагична. Појаснуваат дека очигледно колегите на Катерина се немале слушнато со неа изминативе четири месеци, бидејќи Александар починал на 36-годишна возраст во септември.
Колегите и бројни јавни личности се збогуваат со актерката преку социјалните мрежи:
View this post on Instagram
„Драга моја Кате (сестро да ти кажам)или во народот позната како Мара Попара да си го најдеш мирот и извини што сите те заборавија, прости им што не ја знаеја твојата тажна приказна и барем малку подостоинствено да ја завршиш оваа приказна. Ефектот кој го имаше на другите е највредната валута која постои. Со тебе израснаа многу генерации, а само мал круг знаевме колку си луцидна, остроумна и благородна. Кате, многу ми е жал. Нас глумците баш лесно не забораваат. Слава ти!“ – напиша актерката Весна Бејби Петрушевска простувајќи се од својата колешка.
Нашата пејачка на македонски изворни и новокомпонирани песни, Блага Петреска на својот фејсбук – профил со голема тага се збогуваше со Крстева.
„Мара Попара не напушти. Неможам да престанам со залење за нејзината судбина. Толку јак дух, толку позитивна, а крајот бескрајно тажен. Кате моја, нека ти е светол патот и ете неможеше без Цале! И побрза кај него“ – напиша Блага во емотивната објава.

„Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Катерина Крстева (1938 – 2023), дамата на македонското актерство – популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето“ – пишува во објавата на МНТ.
Почина легендарната македонска актерка Катерина Крстева, позната како Мара Попара


