Трагичен крај: Пронајдено безживотното тело на Наја Ривера

Полицијата потврди дека по шест дена потрага пронајдено е телото на 33-годишната глумица Наја Ривера. Телото било извадено вчера од езерото Пир.

На јавноста и се обрати полицаецот Ерик Бушо, кој ги потврди лошите вести.

„Областа беше тешка за истрага. Не знам на која длабочина ја нашле, подоцна ќе имам повеќе детали. Оваа вест нè погоди сите. Наша работа е да ги спасуваме луѓето и тешко е за сите што работеа на случајот“, рекол Бушо.

Наја Ривера позната по улогата во серијата „Glee“, исчезна во средата попладне на езерото Пир во Јужна Калифорнија. Полицијата започна потрага по глумицата, откако го пронајдоа нејзиниот 4-годишен син Хозе Холис Дорси сам на бродот. Момчето и кажало на полицијата дека мајка му скокнала и веќе не се вратила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот