Трагедија во Мостар: Татко и син се удавија во Неретва

Полицијата е на терен, а нуркачите сè уште ја пребаруваат областа.

Автомобил во кој имало машко тело е пронајден денес во реката Неретва во предградието на Родош во Мостар, потврдено е во Министерството за внатрешни работи на кантонот Херцеговина-Неретва.

Полицијата била информирана за пронаоѓањето на автомобилот во 11 часот, по што биле ангажирани нуркачи од Службата за спасување и интервенции (ИСС) кои  го извлекле телото на мажот.

Неофицијално, се сомнева дека станува збор за маж чие исчезнување го пријавила неговата сопруга во саботата, а со него во автомобилот бил и неговиот четиригодишен син.

Телото е пренесено во мртовечницата Бјели Бријег, каде ќе се изврши идентификација, по што ќе бидат познати повеќе информации. Полицијата е на терен, а нуркачите сè уште ја пребаруваат областа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот