Трагедија во близина на Македонска Каменица

Фото: МИА

Вчера во 15.40 часот во полициското одделение во Македонска Каменица е пријавено дека во селото Дулица, кај место викано „Цебовци“ загинал Ќ.С. (47) од селото. Засега се знае дека тој  управувал трактор „фергусон“. Во еден момент земјоделската машина се превртела врз возачот кој починал на местото на незгодата. Извршен е увид,  а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот