Трагедија: Девојка загина во Карпош, автомобил ја удрил на пешачки премин

Фото: Слободен печат

24-годишна девојка загина вечерва во скопската населба Карпош, откако била прегазена на пешачки премин во близина на „Сити мол“, објави А1он.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „Ситроен“ ја удрил и ја фрлил неколку метри, при што се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, возачот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин.

Според Фокус, возачот на „Ситроенот“ е 22-годишник, а МВР повеќе детали за несреќата најавува за подоцна.

Полицијата е на местото и се врши увид.

Детали за несреќата кај „Сити мол“: Има уште една жртва, повредено момче е пренесено во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот