Традицијата и квалитетот се на наша страна: Против Малта вечерва опција е само победа

По одличното реми на Македонија против Италија, фудбалерите вечерва ги очекува натпревар против Малта на гостински терен.

Ремито против селекција како Италија е одличен резултат, но и во нашиот табор се свесни дека нема ништо да значи ако не го потврдиме со денешна победа против атусајдерот во групата.

Малта од друга страна шансата за бодови во групата ја гледа против Македонија, посебно затоа што во Скопје во март добро не намачи. На тој натпревар Македонија славеше победа од 2:1 со головите на Елмас и Чурлинов.

Покрај тој дуел против Малта сме одиграле уште четири натпревари во кои ние сме многу поуспешени.

Во 1998 година во квалификациите за ЕП одигравме два натпревари во кои победивме со 4:0 и 2:1, додека потоа следуваа два пријателски натпревари, наша победа од 5:0 во 2002 година и реми 1:1 во 2010. Тоа реми е единствениот натпревар од вкупно пет во кој ние не сме славеле против Малта.

Традицијата и квалитетот се на наша страна, но сето тоа вечерва ќе мора да се потврди и на теренот. Само со победа Македонија ќе остане во игра за второто место во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот