ТППЕ од Македонска Каменица доби современа опрема во рамки на проектот за прекугранична соработка
Во просториите на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица деновиве инсталирана е современа опрема како дел од проектот „Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица”.
Препорачано
Повеќе детали се најавени на официјалното пуштање на проектот во употреба закажано за утре во Домот на култура во Македонска Каменица со почеток од 13 часот.
– Заради навремено прифаќање на информациите кои се добиваат од Кулата за рана детекција на шумски пожари која е лоцирана во атарот на село Саса и заради брзо дејствување, на терен се одржа обука на која присуствуваа сите вработени во Територијалната Противпожарна единица во Македонска Каменица, се вели во поканата по повод утрешниот настан.
Проектот „Изградба на интегриран систем за откривање и спречување на шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица” се реализира преку ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, односно како партнерство меѓу Општина Невестино, Бугарија и ЈП „Камена Река” Македонска Каменица.
Вкупниот буџет за проектот е 391.841,52 евра, а како партнери се јавуваат Општина Невестиносо 195 269.52 евра и Јавното претпријатие „Камена Река” со 196.572.00 евра.


