Тони Надал и Бекер застанаа во одбрана на Ѓоковиќ

твитер

Нападите кон Новак Ѓоковиќ поради организацијата на „Адриа тур“ не престануваат, но полека се зголемува и бројот на лица од тенискиот свет кои застануваат во негова одбрана.

Американските медиуми се посебно лути на Ѓоковиќ бидејќи со позитивните тестови на ковид-19 на самиот српски тенисер, Борна Чориќ, Григор Димитров, се загрозува и одржувањето на УС Опен, а ЕСПН сакаше да добие мислење за актуелната состојба во тенисот и од поранешниот тренер на Рафаел Надал, неговиот вујко Тони кој застана зад Ѓоковиќ.

– Во Србија мерките против коорнавирусот не беа толку строги како што беа во останатите земји и тие се однесуваа во склад со таквите препораки. Навистина е штета, намерата им беше добра, да се игра тенис. Но, во таква ситација кога има многу проблеми, а вие сте прв светски тенисер подобро е да бидете повнимателни – вели Тони Надал.

Тони Надал и Рафаел НадалEPA/JUANJO MARTIN

Вујкото на Рафаел Надал застана во одбрана на Ѓоковиќ кога станува збор за календарот на АТП и форсирањето УС Опен да се одржи по секоја цена.

– Се слушнав со Рафа, тој се двоуми дали да настапи на УС Опен. Ми рече дека календарот и збиен и се пожали на АТП бидејќи календарот е пренапорен, посебно за големата тројка. Доколку гледате дека Роќер, Рафаел и Новик со години му помагаат на тенисот, тогаш мислам дека треба да се стори нешто со календарот и тој да биде и во нивна корист. Играте секоја недела, па за еден месец треба играте на УС Опен, во Рим, Париз, Мадрид и Ролан Гарос – тоа е неизводливо.

Од друга страна, поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер е лут на медиумите во Англија кои го имаат на удар српскиот тенисер.

– Морам да го бранам Новак, мислам дека критиките кои ги добива се неправедни. Причината поради која сите тенисери се појавија на „Адриа тур“ е добра, но забавата во ноќните клубови и играњето кошарка не беа потребни. И јас бев млад и кога ќе ги видев пријателите како уживаат сакав да бидам и јас со ниц. Се надевам дека сите тенисери ќе оздрават и многу брзо ќе му се вратат на тенисот – рече Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот