Токио очекува притисок врз здравствениот систем

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Властите во Токио, градот домаќин на Олимписките игри, бараат од болниците да подготват повеќе легла за пациенти со Ковид-19, бидејќи главниот град на Јапонија се бори со зголемување на бројот на новоинфицирани, јави ТВ-каналот ТБС.

Со оглед на тоа дека болниците примаат сè поголем број пациенти со Ковид-19, властите во Токио сакаат да го зголемат бројот на болнички кревети од сегашните 5.967 на 6.406 до почетокот на август.

Телевизијата посочува дека болниците треба да разгледаат нов план и да ги одложат (неитните) хируршки интервенции, но исто така да го намалат бројот на приеми на не-ковид пациенти.

Дневниот број на новозаразени лица во Токио, каде пристигнаа учесници, спортисти и делегации од странство поради Олимписките игри, вчера беше 1.429, двојно повеќе од пред една недела.

Во Јапонија досега само 36 проценти од населението примило барем една доза од вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот