„Тој е љубоморен на мојата волшебна Меган“: Принцот Хари го обвинува својот татко, кралот Чарлс
Принцот Хари во своите мемоари напишал дека неговиот татко, кралот Чарлс, е љубоморен на неговата „брилијантна и волшебна“ сопруга Меган, а притоа и дека му пречи и обемот на публицитет што го добиваат Вилијам и Кејт.
Препорачано

Во неговата долгоочекувана автобиографија „Spare“, која неочекувано беше објавена порано во Шпанија, Хари пишува дека неговиот татко му рекол дека „немал пари за фрлање за да ги обезбеди финансиски него и Меган“, бидејќи, според мемоарите на Хари, кралот се плашел дека „волшебната американска актерка го краде целото внимание“.

Тој тврди дека сегашниот крал Чарлс „го доживеал тоа и претходно и немал намера да дозволи да му се повтори“, алудирајќи на вниманието на јавноста во кое ужива покојната Дијана, принцезата од Велс.

По венчавката, додека Хари и Меган ги извршуваа службените должности како членови на кралското семејство,Чарлс финансиски им помаган, но тоа било прекинато откако парот се пресели во САД. Во книгата, исто така, се вели дека кралот неволно се согласил да им помогне на Вилијам и Кејт иако заработувал милиони од Војводството Корнвол.


