Полиција во Турција/Фото: Kristina Kormilitsyna / Sputnik / Profimedia

ВИДЕО | Масакр во Турција, убиецот е во бегство — ја убил поранешната сопруга, а потоа кого стигнал

Најмалку петмина луѓе се убиени денеска, а седуммина се ранети, кога вооружен напаѓач отворил оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, објави Би-би-си.

Осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил.

Потоа, тој наводно дошол пред ресторан во населбата Кадели, каде што од возилото отворил оган врз објектот.

Според извештаите, напаѓачот прво пукал во ресторанот, каде што убил најмалку двајца, а другите жртви настрадале на други локации.

По нападот, полицијата и жандармеријата започнале обемна потрага по осомничениот, со вклучување на копнени и на воздушни единици.

Мотивите за крвавиот поход сè уште не се познати.

 

Ново пукање во Турција, тинејџер уби тројца соученици и еден наставник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот