Фото: ТФТ

ТФТ убедливо поразен од Борац Чачак во борбата за место во АБА лигата

ТФТ Скопје со убедлив пораз ја почната серијата против Борац Чачак од 97-61 во борбата за место во АБА лигата.

Српскиот состав уште од самиот старт наметна силно темпо и целосно ја презеде контролата врз натпреварот. Борац беше одлично расположен во нападот, па по првите 20 минути игра веќе имаше висока предност од 54-32.

Во продолжението македонскиот тим не успеа да пронајде решение за расположениот противник, кој без поголеми проблеми ја одржуваше разликата и рутински стигна до убедлив триумф. Најефикасни во победничкиот тим беа Јошило и Николиќ со по 20 поени, додека Дејвис Јуниор додаде 17 поени.

Реваншот меѓу двете екипи ќе се игра на 10 мај со почеток од 20 часот, а ТФТ ќе се надева дека ќе успее да дојде до првата победа против Борац, кој сезонава се бори за опстанок во регионалната елита.

Скопскиот состав претходно настапи и во финалето на АБА2-лигата, каде што беше поразен од Широки Бријег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот