фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Тежок удар за Наполи и Белгија: Лукаку ќе го пропушти мечот против Македонија!

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, заработи сериозна повреда во победата од 2-1 над Олимпијакос, објави официјалната веб-страница на клубот.

32-годишниот белгиски репрезентативец има сериозна повреда бутниот мускул на левата нога и ќе биде подложен на операција, покажаа медицинските тестови.

Италијанскиот клуб воедно објави дека Лукако веќе ја започнал својата програма за рехабилитација и ќе се подложи и на хируршки консултации.

Клубот од Неапол, кој не даде потенцијален временски рок за отсуството на Лукаку, ја започнува одбраната на титулата во Серија А против Сасуоло во сабота.

Според новинарот Џанлука Ди Марцио, Лукаку ќе биде надвор од терените најмалку три месеци. Ова ќе го принуди Наполи да бара замена на трансфер пазарот. Белгиецот постигна 14 гола и имаше 10 асистенции во 36 натпревари во Серија А минатата сезона.

Воедно ова е и удар за белгиската репрезентација која преку квалификациите оваа година брка пласман на Светското првенство 2026. Белгија е и наш противник во квалификациската група, потсетување, во јуни во Скопје ремизиравме 1:1, а следниот меч е на 10 октомври во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот