Тетовец за време на полициски час дивеел со возило

Градски плоштад во Тетово/ Фото: МИА

По евидентирањето на случајот тој денеска е повикан во полициска станица за да се утврди дали имал дозвола за движење во време на полицискиот час и околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Тетовски полицајци вчера во текот на полициски час фатија 28-годишник како на кружен тек изведува непрописни движења со возило, употребувајќи рачна сопирачка и создавајќи врева, за што бил пријавен од граѓаните на околните згради. По евидентирањето на случајот тој денеска е повикан во полициска станица за да се утврди дали имал дозвола за движење во време на полицискиот час и околу почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со возачот на возилото „БМВ” со тетовски регистарски ознаки, кој вчеравечер околу 21 часот и 35 минути на кружниот тек на улиците „Илинденска” и „Видоја Смилевски-Бато” во Тетово, направил сообраќаен прекршок, кој непосредно бил снимен од граѓанин и кој потоа граѓанинот видеото го испратил до тетовските медиуми. Станува збор за 28-годишниот Л.А. од Тетово, кој денеска е повикан во Полициската станица Тетово и ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Други две лица од Долна Лешница се приведени во Палатица бидејќи не ја почитувале забраната за движење од 20 до 05 часот.

-Околу 21 часот  во тетовска Палатица, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 25-годишен жител на ова и 23-годишен жител на тетовска Долна Лешница, кои не ја почитувале одлуката за забрана за целосно движење, односно полицискиот час. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе им биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик, информира Јосифоски.

Во изминатите 24 часа во Тетовско за неносење заштитни маски се изречени 58 платни налози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот