Тетовецот искасан од кучиња му одговори на Касами: Проблемот треба да се реши, а не да се релативизира, има снимки и од други напади

Агрон Арифи/Фото: Скриншот

Скандалозна е изјавата на градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами, дека јас сум ги испровоцирал кучињата скитници кои ме нападнаа, реагира тетовецот Агрон Арифи. Тој смета дека Касами го релативизира проблемот, наместо да го реши. Ако сака да се увери во каков ризик живееме, граѓани ми испратија уште две снимки, како се нападнати од бездомните животни.

,,Ние како жителите што живееме во ова маало кај Основното училиште ,,Истигбал” неколку ноќи сме се обидувале да се тргнат кучињата од оваа населба, но тие пак се враќаат тука. Јас сум екстремно револтиран од пресот на градоначалникот Касами, кој вели дека е свесен за проблемот, но тоа што е во негова надлежност, а не презема мерки сега се труди да го релативизира, кажувајќи дека мојата реакција е тенденциозна, дека снимката е лажна и дека јас сум ги провоцирал кучињата. Тоа е скандалозна изјава од градоначалникот. За да се увери во каков ризик живееме, имам и уште две снимки кои ми ги пратиле граѓаните, и нека види како ние се тероризираме од кучињата” вели Арифи.

Не е точно дека не сум ги пријавувал настаните, кога сум бил напаѓан од кучиња скитници, вели Арифи

,,Тој на пресот кажа дека во ниедна институција не сум ги пријавувал настаните. Тоа не е вистина, секогаш сум ги пријавувал настаните. Случајот е пријавен кај општинските власти и бев кај инспекторите да ги прашам дали се решава проблемот со кучињата скитници, оти им кажав дека тие се секој ден се поагресивни. Инспекцијата ми одговори дека не можат да ми помогнат и дека немаат комуникација со Општина Тетово. Но ова не е мој личен проблем. Јас и како како член на одборот на училиштето ,,Истигбал”, побарав директорот на училиштето да се обрати до комуналните власти, да преземат мерки кучињата да ги тргнат од училиштето” изјави Арифи

Инаку градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами во саботата на прес конференција истакна дека критики мора да има, но тенденциозно информирање и креирање невистинита слика, на дел од медиумите, со која се збунува јавноста, воопшто не оди во прилог.Според него во објавено видео на социјалните мрежи пред неколку дена не се гледа јасно дали лицето кое го нападнале кучиња, намерно ги испровоцирал или навистина се нашол во незгодна ситуација.

,,Лицето иако тврдело дека неколкупати досега било нападнато, нема поднесено ниту една пријава за напад до општината, Клиничката болница или пак до СВР Тетово. За сите вакви нејасни случаи општината ќе истражува и ако најдеме докази за злоупотреба на вистината, соодветно ќе реагираме”, рече Касами на пресот кој го одржа во саботата.

Мене ми е жал што Општина Тетово не може да ни помогне како граѓани, но јас можам да им помогнам како жител да се лоцираат тие кучиња што се најагресивни, вели Арифи.

Ако општината се занимава со бирократски процедури наместо да го реши проблемот на терен, секој напад од кучињата скитници ќе биде под директна одговорност на општината и на градоначалникот, додава Арифи кој беше нападнат од кучиња скитници, а за медумите даде изјава дека во изминативе десетина дена 3 пати бил напаѓан од бездомните животни и побара конечно решавање на овој децениски проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот