Тешки обвинувања за Корина Шумахер, ја крие вистинската состојба на Михаел – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Тешки обвинувања за Корина Шумахер, ја крие вистинската состојба на Михаел

Поранешниот менаџер на седумкратниот Формула 1 шампион упати јавни критики за сопругата на Шумахер.

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер во 2013 година доживеа тешка повреда на главата за време на падот додека скијаше на француските Алпи.

Менаџерот кој се грижеше за кариерата на Михаел, Вили Вебер, јавно ја нападна сопругата на Михаел, Корина Шумахер. Тој тврди дека Корина се обидува на сите начини да му оневозможи да го види својот пријател бидејќи се плаши дека ќе ја открие вистината за здравствената состојба на Михаел Шумахер.

– Знам дека Михаел е во тешка состојба,но за жал не знам дали има некаков напредок. За жал, Корина не ми дозволи да го видам Михаел. Најверојатно се плаши дека ќе видам што се случува и ќе ја објавам вистината. Јас верувам дека Михаел ќе се опорави бидејќи е неверојатен борец. Се молам за него и се надевам дека повторно ќе го видам – изјави Вили Вебер.

Михаел Шумахер пред два месеци итно беше префрлен во елитната француска клиника „Жорж Помпиду“ за лечење со матични клетки, но оттогаш нема никаква информација за неговото здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close