Тешки изгореници и осип: Британските фризери масовно пријавуваат нови последици од ковид-19 кај клиентите

Фото: Profimedia

Фризери ширум Велика Британија почнаа да пријавуваат дека некои од нивните клиенти, кои го прележале ковид-19, имаат нови, сериозни алергиски реакции како што се осип, црвенило на кожата и изгореници по боење на косата и покрај тоа што ја користеле истата боја како и порано, пренесува Би-би-си.

Научниците од Империјалниот колеџ во Лондон истражуваат дали болеста може да го репрограмира нашиот имунолошки систем, на сличен начин како и другите болести.

Британското здружение, кое застапува фризери и козметичари, ги предупредува сите вработени во овие професии да бидат обврзани да спроведат дополнителни епикутан-тестови (т.н. печ-тест), со цел да избегнат евентуални судски постапки. Епикутан-тест се користи за да се докаже доцна реакција на пречувствителност на контактни алергени – на кожата на грбот се лепат фластери со алергени, а тестот дава резултат по 48 и 72 часа.

Иако веќе десет години користи иста боја на коса, Гема, која го победи ковид-19, имаше силна реакција на т.н. печ-тест. Од нејзиниот фризерски салон, тие велат дека четири клиенти веќе го имале истиот проблем откако почнале да спроведуваат тестови за алергија.

Тестирањето во тој салон започнало кога слушнале за бројни апликации од други салони.

„Ден по тестот, почувствував како кожата зад увото ми гори, и како што минуваше времето, работите само се влошуваа, буквално изгубив слоеви на кожа“, вели Гема.

„Ова не е изолиран инцидент и затоа тестирањето во мојот салон е задолжително“, вели фризерот на Гема, Стејси Клајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот