Тешка победа на Работнички за водство во плеј-оф серијата против Феникс

Фото: КФСМ

Интересен и максимално возбудлив натпревар одиграа екипите на Работнички и Феникс 2010. Прв од четвртфиналната серија на локалните скопски ривали, во кој на крајот се радуваа кошаркарите од „Градски парк“, за водство (1-0) во серијата. По изедначената прва четвртина, која му припадна на домашниот тим, но со минимални (21:19), „црвено-белите“ беа тие кои беа подобар ривал во втората. Направија убава предност од полувремето кошаркарите на Работнички.

Но по одморот, малку поинаква слика на теренот во СРЦ „Кале“. Кошаркарите на Феникс 2010 успеаа во настојувањата да ја достигнат таа висока негатива. И во десет минути „симнаа“ девет поени од истата.

Стартот на последниот период двете екипи го дочекаа со резултат (62:59) во корист на екипата која важеше како фаворит пред почеток на оваа четвртфинална серија.

Рамнотежа имаше и во првите пет минути од последната делница од натпреварот. Работнички имаше плус од четири поени (74:70). Истото „растојание“ беше и две минути подоцна (76:72).

Многу важна тројка, (петта за него) даде Трајс, кој донесе уште повисоки (79:72) во корист на домашната екипа.  Но во наредните два напада, две реализации за Феникс 2010, и ново доближување, сега на -3 (76:79) и 90 секунди за одлука, кој ќе биде победник.

Во финалната минута, гостите дојдоа и до уште пониски (80:82). Но Трајс беше мирен од линијата за слободни фрлања.

Уште еднаш во оваа сезона, Рикиќ направи дабл-дабл, овојпат изразен со реализација на 16.поени и 14.скока (плус три асистенции), Трајс го дополни со 18. поени (но и шест скока и исто толку асистенции), а двоцифрен број на поени – 13, за домашната екипа дојдоа од Декоузи.

Кај Феникс 2010, Џонс даде 14.поени, Трајковски и Метјус имаа по 13, а Рис и Дениел дополнија со по 12.поени.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Работнички – Феникс 2010 84:80 (1-0)

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 87:68 (1-0)

Пелистер – Еуро Никел 2005   94:60 (1-0)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот