Терорист од Албанија не го признава судот, само Алах

Фото: Принтскрин - YouTube

Поранешниот албански специјалец, Ерзен Ука, кој бил дел од албанската специјална армиска единица „Командоси“, на судијата во Албанија му рече дека не го признава албанскиот суд, туку само Алах.

Тој е обвинет за „радикални тенденции“ . На рочиштето на кое се утврдуваше дали да му се додели мерка притвор, тој се закани на судијата и обвинителот дека ќе положат сметка кога тој ќе излезе од затвор и дека нема да поминат лесно.

Ерзен Ука служел во Ирак и Авганистан во 2011 година а по двегодишно следење вчера бил уапсен од страна на Антитерористичката канцеларија и Државната полиција на Албанија.

Обвинет е дека поттикнувал омраза со цел извршување на терористички акции и дека обучувал деца за учество во Исламската Држава. На неговиот Фејсбук профил тој објавувал и споделувал видеа и фотографии кои што промовираат терористички активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот