Тензично кај Купјанск: Русија стационираше повеќе од 100.000 луѓе и 900 тенкови
„Русија концентрираше повеќе од 100.000 луѓе, над 900 тенкови, и 555 артилериски системи на фронтот помеѓу градовите Лиман и Купјанск”, рече портпаролот на украинската источна воена команда, Серхиј Череватии.
Препорачано
Градот Купјанск беше ослободен минатиот септември во украинска контраофанзива во Харковска област , додека Лиман, пак, беше ослободен неколку недели подоцна.
Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, Русија продолжува да ги фокусира своите главни напори кон градовите: Купјанск, Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, а тешките борби продолжуваат.
Генерал-полковник Олександр Сирскиј, командант на украинските копнени сили, денеска исто така, објави дека руските сили се во офанзива во насока на Купјанск. Сирскиј ги посети командантите на единицата на фронтот за да ги прилагоди плановите со оглед на суровите услови.
Русија се обидува да ја преземе областа Купјанск и да ја продолжи офанзивата во длабочината на нашите борбени формации”, рече Сирскиј, а објави Индекс.хр.
Тој исто така потенцира дека Русија преместува дополнителни војници во областа околу Бахмут за да се обиде да го спречи напредокот на украинските сили.
Бахмут е една од областите каде Украина се обидувала да напредува за време на контраофанзивата која започнала околу 5 јуни.
Извор: index.hr


