Тенискиот великан тврди: Ќе ги контролираат луѓето со микрочипови!

фото: твитер

– Во 2015 година, Бил Гејтс рече дека нè чека пандемија, дека нашиот следен непријател е вирус – вели Русинот Сафин.

Уште една теорија на заговор за актуелната ситуација со коронавирусот овојпат доаѓа од поранешниот тенисер, Марат Сафин.

Претходно свој коментар околу пандемијата имаше и британскиот боксер Амин Икбал Хан кој не верува дека коронавирусот доаѓа од Кина.

Поранешниот руски тенисер Марат Сафин (40) дојде до теорија дека пандемијата на коронавирусот е само увертира за понатамошниот план на светските сили: контролирање на луѓето користејќи микрочипови.

Тој е фактички поддржувач на овој став и не се двоумеше да го каже тоа јавно во интервјуто што го даде преку Инстаграм за рускиот портал Спорт.ру.

Мислам дека со оваа (корона криза) луѓето се подготвуваат да бидат микрочипувани – рече Сафин.

Русинот е инаку поранешен прв светски рекет, освојувач по една титула на „Австралија опен“ и „УС Опен“.

Во 2015 година, Бил Гејтс рече дека нè чека пандемија, дека нашиот следен непријател е вирус, а не нуклеарна војна. Тие исто така извршија симулација за време на форумот во Давос, тестирајќи како би изгледала пандемијата. Не верувам дека Бил Гејтс е далековид, тој знаеше дека ова ќе се случи – додаде Русинот.

Не верува во она што се информира на ТВ од кога започна пандемијата.

Мислам дека ситуацијата со овој вирус не е таква каква што ни ја презентираат, но луѓето веруваат, веруваат во тие хорор приказни што ги гледаат на телевизија. Има луѓе кои веруваат дека доаѓа крајот на цивилизацијата. Јас само мислам дека ќе нè чипнат наскоро.

Еве го завршниот коментар на Сафин:

Тие го заклучија целиот свет, така што сега можат да направат што сакаат. Мислам дека има луѓе кои се помоќни од светските лидери, оние кои навистина ги контролираат парите, владетели на светот, кои лесно можат да креираат вакви сценарии. Наречете ја „влада во сенка“, како сакате, мислам дека дури и не знаеме дека тие постојат. Ротшилдови и Рокфелерови се добро познати имиња за сите, но мислам дека некој посилен стои и зад нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот