Боксерот Хан: Не верувам дека коронавирусот доаѓа од Кина, тоа е лага! (ВИДЕО)

фото: инстаграм

Амир Икбал Хан е британски професионален боксер, но и теоретичар на заговор кој има свое размислување околу ситуацијата со опасната зараза.

Многу спортисти се наоѓаат во домашна изолација, карантин со цел да се спречи ширењето на заразата, воедно многу натпреварувања се одложени, прекинати.

Амир Икбал Хан е британски професионален боксер, но и теоретичар на заговор кој има свое размислување околу ситуацијата со опасната зараза.

– Не верувам дека вирусот е од Кина. Тоа е лага. Луѓето зборуваат дека е направен, бидејќи таму јадат лилјаци и змии. Тоа е ср*ње. Не верувам во тоа – рече Хан, а потоа додаде:

– Ова го направи човек со причина. Верувам дека вирусот го направија со цел да се испроба 5Г мрежата. Зарем вие не мислите така? Ова би можело да значи целосна контрола над луѓето. Зошто сме затворени во карантин, доколку не е тоа случај? – додае британскиот боксер.

Хан во својата боксерска кариера има учинок од 34 победи и пет порази, воедно е и поранешен шампион во велтер, полувелтер и лесна категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот