Тен Хег е подготвен следното лето да се раздели со голем број на играчи на Јунајтед

фото: EPA-EFE/Stian Lysberg Solum

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е подготвен да се раздели со голем број играчи на лето. Според холандскиот стратег, ова ќе биде следниот чекор во развојниот проект на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед загуби со 2:0 од Њукасл, со што падна на четвртото место, а доколку Тотенхем освои бодови против Евертон може и да падне од Топ 4.

На списокот на играчи кои би можеле да заминат во следниот преоден рок се Алекс Телес, Ентони Марсијал, Хари Мегваер и Дин Хендерсон.

Исто така, Тен Хег веќе го губи трпението со Џејдoн Санчо, кој долго време е надвор од терените и продолжува да се бори за да дојде до форма.

Санчо влезе како замена против Њукасл, но не успеа да влијае на играта, а доколку продолжи со слабата игра, холандскиот стручњак би можел да се раздели и со него на лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот