Телефонски разговор Бајден-Нетанјаху: САД бара од Израел тридневна пауза во борбите

Бајден и Нетанјаху / Фото EPA/BAZ RATNER POOL

Џо Бајден го повика Бенјамин Нетанјаху да се согласи на тридневна пауза во борбите за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, се вели во извештајот на Аксиос, цитирајќи двајца американски и израелски официјални лица, пренесе index.hr.

Американскиот претседател и израелскиот премиер вчера телефонски разговарале. Белата куќа соопшти дека двајцата лидери „разговарале за можноста за тактички паузи“.

Што би се направило за време на тридневната пауза?

Цитирајќи американски официјален претставник, Аксиос објави дека според предлогот за кој се разговара меѓу САД, Израел и Катар, Хамас ќе ослободи 10-15 заложници. Тие, исто така, ќе ја искористат тридневната пауза за да го потврдат идентитетот на сите заложници и да достават список со имињата на луѓето што ги држат, изјавил официјалниот претставник.

За време на разговорот во понеделникот, Нетанјаху му рекол на Бајден дека не верува во намерите на Хамас и дека не верува дека тие се подготвени да се согласат на договор за заложници, изјавиле претставниците на САД и Израел.

Нетанјаху се плаши од губење на меѓународната поддршка

Нетанјаху додаде дека Израел може да ја загуби сегашната меѓународна поддршка што ја има за операцијата доколку борбите престанат три дена, кажале официјалните лица. Според израелските власти најмалку 240 луѓе биле киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, Хамас ослободи две Израелки и Американка, мајка и ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот