Тажна вест: Поранешен тренер на Црвена звезда почина на својот роденден

Српскиот фудбалски стратег Милорад Косановиќ почина денеска, на денот кога го славеше својот 75. роденден, по кратко боледување.

Косановиќ е роден на 4 јануари 1951 година во Шидски Бановци, а првите фудбалски чекори ги направил во Борово. Во 1971 година заминал во Шведска, каде што со Малме освои три трофеи и остави значаен траг. Во текот на играчката кариера настапуваше и за Пролетер од Зрењанин, Војводина и Нови Сад, каде што во 1983 година ги „закачи копачките“.

Тренерската приказна ја започна токму во Војводина, клуб кој го водеше во периодот од 1992 до 1995 година. Подоцна, во два наврати (1997–1998 и 2007 година), беше на клупата на Црвена Звезда. Во својата богата кариера работеше и во земјата и во странство, менувајќи бројни средини, а последниот ангажман го имаше во Лучани во 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот