Тажна вест: Почина Мемет, младиот колпортер на „Лице в лице“, имаше само 19 години

Фото: Лице в лице

„Со тага и неверување споделуваме со вас дека поради здравствени компликации почина Мемет Камбер, нашиот продавач од редовите на Daycare Centre for street children/ Дневен Центар за деца на улица, соопштија од списанието „Лице в лице“.

„Публиката на „Лице в лице“ го гледаше често во неговото омилено Дебар Маало“, пишува во објавата на социјалните мрежи.

„Не останувавме рамнодушни на неговата насмевка, на мекоста и топлината кои зрачеа од него. Ќе го паметиме Мемет како кроток и љубезен млад човек, вреден и скромен. Другаруваше со сите продавачи на списанието, тука беше да сподели трик, да каже нешто за добрината. Веруваше во љубовта и грижата на луѓето кои секогаш го поддржуваа. Сонуваше да сними рап песна и да стане познат рапер. Сочувство до семејството и блиските“, велат од „Лице в лице“.

Ова е снимка од декември 2021 година, кога Мемед беше еден од продавачите на „Лице в лице“ во дружба со поетите Горазд Кени и Ана Голејшка Џикова:

„Лице в лице“ е улично списание, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво. Продавачи на списанието се претставници од најранливите групи во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) оди за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот