Тажен и напуштен и покрај милијардите: Сам сум во куќата со 18 бањи, Мелинда замина

Фото: Инстаграм

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, проговорил за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

„Секој брак, како што децата ќе си заминат од дома, ќе помине низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ оваа транзиција наречена развод. Но, од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го променил. Не би се одлучил да се оженам за некоја друга“, изјавил Гејтс во интервјуто за „Сандеј тајмс“.

Милијардерот тврди дека најтешко му било кога децата заминале од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

– Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, во поголем дел од времето ми изгледа преголема. Јас сум само мала личност – рекол Гејтс.

„Ми недостасуваат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашни работи, но во нормални денови секогаш ги миев садовите, бидејќи бев добар во тоа, а едно од децата ми помогаше“, додал тој.
Гејтс раскажал и во какви односи останал со Мелинда по разводот. Тој вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и дека понекогаш се гледаат.

– Имаме суперважен, сложен, близок однос во кој одлучивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. Заедно ја изградивме Фондацијата. И имаме три неверојатни деца – рекол Гејтс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

„И јас тагувам на ист начин како и таа. Да. Знаете, порастевме заедно. Кога се оженив, „Мајкрософт“ беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишен маж, а таа беше зрела 28- годишна девојка… Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу нешта заедно“, додал тој.
Гејтс признава дека прилично лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.

– Таа го доби кучето. Ме уби со тоа. Се шегувам. Светот треба да знае колку ме малтретирале. Не, се шегувам. Не бевме лоши еден кон друг – рекол Гејтс.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Да потсетиме, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Се запознале во доцните 1980-ти, кога Мелинда се приклучила на компанијата „Мајкрософт“ на Бил Гејтс, а се венчале во 1994 година.

Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Бил и Мелинда Гејтс: Кој ќе ја добие велелепната куќа вредна 43 милиони долари по разводот?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот