„Пред да се породам лежев на одделението за онколошки пациенти“: Северина раскажа шокантна случка

Северина / Фото: Инстаграм/Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ со години се бори за старателството над синот Александар со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, а сега пејачката за првпат откри какво изгледало нејзиното породување.

Северина раскажала дека лежела на онколошкото одделение пред да се породи и рекла дека нејзиниот поранешен партнер Милан ги крадел нејзините омилени слатки и им ги давал на медицинските сестри во породилиштето.

– Син ми го родив со царски рез бидејќи се плашеа поради моите години, а потоа морав да лежам мирна околу 2-3 дена, иако детето беше покрај мене. Сите знаат дека сакам чоколадни наполитанки и тогаш ми ги носеа во породилното. Меѓутоа, оној чие име не се спомнува, ми ги крадеше сите тие наполитанки од шкафот и им ги даваше на сестрите – рекла Северина, а потоа објаснила зошто ја сместиле на одделението за онколошки пациенти.

– Ме сместија на едно одделение кое беше за онколошки пациенти, бидејќи луѓето од улица доаѓаа да ме посетуваат и тогаш повеќе не знаеја што да прават со мене. Така, штом ќе заминеше тој чие име не се спомнува, сестрите ја заклучуваа вратата, па мe викaа и јас седнував со стомакот и јадев две кутии од тие наполитанки и кока – кола, што никогаш во животот не сум го правела. Но, тоа тогаш навистина ме влечеше – се присетила Северина во интервјуто за хрватска „Глорија“.

ФОТОГАЛЕРИЈА | Северина направи музички земјотрес во Скопје и ни порача да ја чуваме Македонија!

ВИДЕО | „Ти си најдобрата мајка на светот“: Северина доби емотивни честитки од син ѝ и од мајка ѝ за 52. роденден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот