ВИДЕО | „Ти си најдобрата мајка на светот“: Северина доби емотивни честитки од син ѝ и од мајка ѝ за 52. роденден

Фото: Инстаграм/Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ вчера го прослави 52. роденден, а по тој повод со следбениците на Инстаграм сподели емотивно видео во кое семејството и пријателите ѝ го честитаат роденденот.

„Семејството и пријателите не се нешто што треба да се земе здраво за готово. Тие се таму и во добри и во лоши времиња, иако во добри времиња секој може да биде. Но, јунаците се препознаваат во лошите времиња… Јунаците од ова видео се оние кои ме видоа во сите мои ‘светла’, но тие беа мојата светлина и ѕвездите кон кои требаше да гледам.

Тие ми посакаа само најубави желби во ова видео, но имам една желба за следниот роденден – раскажете ми приказни кога сум била лоша. Животот е разновидност од не само среќни, туку и од лоши, тажни моменти. Тоа го прави животот побогат со сите чувства“, напиша Северина во описот на видеото.

Меѓу другите, Северина доби честитка од син ѝ Александар и мајка ѝ Ана.

„Мамо, среќен роденден. Ти си најдобрата мама на светот и многу те сакам“, ѝ порача син ѝ Александар во видеото.

„Драга моја ќерко, ти посакувам сè најдобро во животот за твојот 52. роденден. Да продолжиме да живееме вака. Ти благодарам за сè што правиш за мене. Ти посакувам да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече мајка ѝ Ана.

Пејачката доби честитки и од Матија Вујица, Давор Гргин, Соња Дворник, Филип Милетиќ и многу други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот