Судење на Стојанче Јовановски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Судење на Стојанче Јовановски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

„Тато ме заклучи во станот да јадам ѓевречиња и излезе да вежба“ – вака Стојанче ја чувал Катја

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска, сведочеше во судница дека Стојанче ја турнал Ивана по скалите на Клиниката за дигестивна хирургија во јануари. Инаку Ивана била хоспитализирана таму поради болки од удар – хематом внатре во абдоменот.

-Кога отидов на посета кај Ивана, дознав дека Стојанче ја бутнал по скали. Се појави главната сестра на цела хирургија. Таа нè праша дали знаеме што се случило. Главната сестра нè внесе во соба со Ивана, дојде полиција и им кажа дека Стојанче бил во посета кај Ивана, излегле пред лифтовите на платото на влезот на одделот, се расправале, сакал да ѝ ги земе телефоните да види со кого комуницирала во болница. Самата Катја кажа дека „тато ја бутна мама по скали“. Еден болничар ја кренал Ивана и веднаш се организирале да ѝ прават компјутерска томографија на глава. Катја ја згрижиле сестрите и таа им рекла „јадев вчера ѓевречиња, а тато ме заклучи во станот и излезе да вежба“, рече мајката на Ивана во судот.

Таа рече дека Ивана со љубов го уредувала станот, станот бил како „кутивче“ иако бил 50-тина квадрати.

Сведочи мајката на Ивана: „Бабо, јас ќе ти кажам, мама чучна долу и тато ја шутираше“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот