Тасева: Владата требаше да го разреши Рашковски, а не да чека да си поднесе оставка

Фото АРхива

Претседателката на „Транспаренси интернешнл Македонија“, Слаѓана Тасева во вечерашното издание на емисијата „360 степени“ на темата за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци рече дека Владата требало веднаш да го разреши Драги Рашковски од функцијата секретар во кабинетот на премиерот.

– Владата требаше веднаш да го разреши, а не да чека тој да поднесе оставка на еден или два дена пред да се отвори истрага против него, вели Тасева.

Исто така, таа ги искоментира и изјавите на премиерот Зоран Заев, кој во неколку наврати отворено го поддржа Рашковски велејќи дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци била законска и според процедурите.

– Премиерот сме го виделе неколкупати со такви изјави, но сметам дека треба да се воздржува од такви коментари. Особено кога не учествувал во целост, односно не знаеме што се случувало во позадина. Но, сепак, набавката можеби била спроведена во целост законски, но како дошло до тоа и што се случувало наоколу е друго прашање. Затоа, велам дека секогаш треба да се има воздржаност, вели Тасева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот