Таравари: Се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ

Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ, вели Таравари.

Секретарот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, за Фокус изрази надеж дека ако неговата партија се договори за коалиција на претстојните предвремени парламентарни избори со БЕСА, тоа би значело и ослободување од ДУИ.

– Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање? – вели Таравари.

Таравари не исклучи ниту соработка со некоја од поголемите македонски партии во иднина,а според него идеален партнер во иднината влада тој што ќе покаже дека државните интереси му се над се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот