Таравари: Мој впечаток е дека не се почитуваат протоколите на партиските собири

Гостиварскиот градоначалник и генерален секрeтар на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари предупредува од влошување на состојбата со пандемијата во земјава по изборите, а како причина за тоа го наведе непридржувањето на протоколите за заштита од ширење на вирусот за време на предизборната кампања.

– Мој впечаток, е и за жал можам да констатирам дека речиси никој не се придржува кон протоколите. Јас лично и во партијата каде што членувам ги почитуваме и го одржуваме пропишанотo растојание меѓу столчињата, меѓутоа повторно има групирање на луѓе, а тоа е многу загрижувачко. Оваа појава не е присутна само во Гостивар, туку и секаде низ државата. Однесувањето за време на кампањата ќе ги даде резултатите за еден месец, оцени Таравари.

Запрашан за попрецизен коментар на какви резултати мисли, тој посочи дека тоа се однесува на енормно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и коментираше дека по изборите освен нови пратеници ќе имаме и многу повеќе новозаболени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот