Тарантино става крај на кариерата: Го снима својот последен филм со Бред Пит

Фото: Frazer Harrison / Getty images / Profimedia

Холивудската ѕвезда Бред Пит повторно ќе соработува со Квентин Тарантино, по успешните улоги во филмовите „The Damned“ и „Once Upon a Time in Hollywood“. Тој ќе глуми во десеттиот и последен филм на Квентин Тарантино, насловен „The Movie Critic“.

Десеттиот филм на режисерот на „Pulp Fiction“ ќе биде сместен во 1977 година во Јужна Калифорнија и ќе се фокусира на реален, циничен филмски рецензент кој пишувал за порнографско списание, пренесува „НМЕ“.

Филмот најверојатно нема да започне со производство до средината на 2024 година или подоцна.

Во моментов, актерот прво треба да сними филм за Формула 1 од режисерот на „Top Gun: Maverick“, Џозеф Косински, во кој игра возач кој излегува од пензија за да се натпреварува заедно со дебитант.

Пит и Тарантино претходно работеа заедно на „ Inglourious Basterds“ од 2009 година и на „ Once Upon A Time… In Hollywood“ од 2019 година, што му донесе на Пит, Оскар за најдобра споредна машка улога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот