Симеон Чулев/Фото: Принтскрин/Фејсбук

„Танец“ го откажа годишниот концерт поради ненајдената смрт на Симеон Чулев

Со длабока тага, Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја известува јавноста дека се откажува годишниот концерт кој беше претходно најавен за 20.12.2025 година, поради ненадејната смрт на долгогодишниот член на ансамблот, истакнатиот играорец, солист и кореограф Симеон Чулев.

„Загубата на Симеон Чулев е огромна и ненадоместлива за целиот ансамбл. Тој беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, уметник кој со својата посветеност, енергија и врвно мајсторство остави неизбришлив белег во историјата на македонската фолклорна уметност. Во овие моменти на голема жалост, сите членови на „Танец“, сметаме дека во вакви мигови на тага, не е можно да се слави традицијата на сцена, кога ја изгубивме една од нејзините најсветли фигури. Сите граѓани кои веќе купиле влезници за концертот, ќе можат да ги рефундираат средствата на продажната мрежа од каде што се купени билетите. За дополнителни детали околу новиот термин или евентуални измени, јавноста ќе биде навремено известена, соопштија од „Танец“.

Почина Симеон Чулев, истакнат играорец и долгогодишен член на „Танец“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот