Тајсон го преплашил на смрт и Трамп, му упаднал во канцеларијата

фото: твитер

Долгогодишното пријателство помеѓу поранешниот шампион и актуелниот претседател на САД било ставено на тест.

Британскиот „Тајмс“ пренесува делови од книгата на Тим О’Браен „TrumNation“ во кои наведува одредени интересни цитати на актуелниот претседател на САД.

Поранешниот бизнисмен, а сега прв човек на САД, во минатото водеше бурен приватен и јавен живот, а го врзува и долгогодишно пријателство во легендарниот Мајк Тајсон.

twitter/BoxRec

Неодамна Трамп му честиташе на Тајсон за враќањето на тренинзите и одличната форма која ја прикажа иако има 53 години, но пред 30 години нивното пријателство било ставено на тест поради љубомората на боксерот.

Трамп во минатото му бил советник и бизнис партнер на Тајсон и дури финансирал неколку негови бокс меча. О’Браен во книгата пишува за уште еден испад на Тајсон и тоа во канцеларијата на Трамп во Њујорк.

„Ми рече: Можам ли да те прашам, дали ја е**ш мојата сопруга?“, ги цитира авторот зборовите на Тајсон.

Робин Гивенс/ Profimedia

„Јас се смрзнав. Мртов сум, имав нула шанси против него. Тој беше светски шампион со солидно вооружување“, зборува Трамп во книгата.

„Тајмс“ не го открива одговорот на Трамп, а сопруга на Тајсон во тоа време беше актерката Робин Гивенс која важеше за една од најубавите и најпосакуваните жени во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот