Тајните на познатите дами за совршено деколте! (ФОТО)

Instagram

Голем број од познатите личности имаат „тајни“ мали трикови со кои се служат за да постигнат гламурозен и заводлив изглед на црвениот тепих.

Доколку се прашувате која е тајната на нивните секогаш одлични фигури, односно одлично деколте, еве некои методи со кои познатите дами успеваат да постигнат сексапил.

Ким Кардашијан – леплива лента за градите

Најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан (39), често на свечените настани се појавува во провокативни креации под кои носи трака за зацврстување и подигање на градите. Ким не крие дека се служи со овој трик и многупати го сподели со јавноста.

Елизабет Харли – спиење со градник

Колку и да звучи непријатно, Лиз (54) вели дека тајната на нејзиното деколте се крие во непрестанато носење, односно спиење со градник.

„Понекогаш ме мрзи да ја соблечам облеката за да спијам“, изјавила во една прилика Лиз.

Џенифер Лопез – користење на крема со заштитен фактор

Џеј Ло секогаш била огромен љубител на производите со заштитен фактор. Таа секојдневно користи крема за сончање и хидратантни сретства, како би избегнала правење на брчки или флеки од сонцето на кожата.

„Цврсто верувам со СПФ. Се трудам да не останам предолго на сонце“, изјавила пејачката во едно интервју.

Ешли Греам – третман со кислород за тонирање на градите

View this post on Instagram

Partiessssss

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Додека другите ѕвезди ја средуваа својата коса и лице пред свечената Мет Гала 2018, Ешли имаше третман со кислород кој вообичаено се користи на лицето.

На овој начин третманот за подмладување со кислород е користен за тонирање на градите и зголемување на циркулацијата во пределот на деколтето.

Клои Кардашијан – контура на градите

View this post on Instagram

That face you make when _______

A post shared by Khloé (@khloekardashian) on

Баш како и нејзините сестри, Клои (35) е огромен обожавател на деколте со контура. Нејзиниот шминкер Марио Дедивановиќ претходно изјавил дека со нанесувањето на хајлајтер на средината од градите, се постигнува завидлива дефиниција.

„Користете бронзер на внатрешните страни од градите. Потоа во центарот користете хајлајтер, бидејќи така визуелно ќе ги зголемите градите“, советувал Марио.

Сузан Сарандон – тесни топ маици

Сузан (73) може често да се забележи како носи многу тесни маици за да изгледа неверојатно во своите 70-ти години. Доколку се одлучите за тесна маичка, визуелно можете да ги зголемите градите и природно да ги дефинирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот